8-годишник повторно ја земал колата на мајка си и возел низ градот: Малиот Германец не внимавал на црвените светла и застанал дури кога Голфот се удрил во камион

Точка

23/08/2019

20:27

4.262

Големина на фонт

а а а

Oсумгодишното момче кое претходно неделава се возеше по германските автопати со возилото на неговата мајка по што беше предупредено, сега повторно го направило истото возејќи со 180 километри на час.

Детето по инцидентот е испратено на психолошко советување.

Германската полиција соопштила дека 8-годишникот ги украл клучевите од „Голфот“ околу полноќ и се возел од областа Зоста до Дортмунд, што е на оддалеченост од околу 50 километри.

Случајот го пријавил возач кој во полицијата изјавил дека дете се возил со голема брзина низ градот, а не го интересираат сообраќајните правила и црвеното светло, пренесува АР.


Додека полицијата трагала по возилото, момчето го напуштило градот и се удрило во задниот дел од паркиран камион. Никој не е повреден, но „голфот“ е тешко оштетен, пренесува агенцијата.

Претходно откако момчето за првпат го украало автомобилот, неговата мајка изјавила дека тој редовно вози картинг и вежбал да вози вистински автомобил на приватен имот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг