Барди избори пенал, Леванте славеа над „жолтата подморница“

Макфакс

24/08/2019

10:42

859

Големина на фонт

а а а

Леванте со македонскиот репрезентативец Енис Барди во тимот ги освои првите бодови во сезоната. Тимот од Валенсија го совлада Вилјареал со 2:1.

Левенте одиграа лошо прво полувреме во кое примија гол во третата минута, стрелец Џерар Морено, а потоа е вистинско чудо како гостите не заминаа со поголема предност на полувреме. Имаа играчите на Вилјареал неколку чисти шанси, но не и концентрација во завршницата.

Во второто полувреме Леванте добија два пенали, кои ги изведоа три пати, што им беше доволно за победа. 

Барди беше соборен во 68 минута, судијата го консултираше ВАР-асистентот и досуди пенал. Моралес шутираше, Фернандес одбрани, но судијата го повтори пеналот. Вториот пат Роџер Марти го погоди голот. 

Истиот играч реализираше пенал и пет минути подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг