Иран успешно тестираше нова ракета, соопшти денес првиот човек на иранската Револуционерна гарда, Хосеин Салами.
Како што пренесува новинската агенција „Тасним“, тој пред група на свештеници открил дека тестирањето било извршено во текот на вчерашниот ден, но не изнел повеќе детали околу оружјето и тестирањето.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани во четвртокот и официјално го претстави против-воздушниот систем „Бавар-373“ кој што го разви Иран.
Новото оружје е претставено додека растат тензиите во односите со Соединетите Американски Држави, кои се повлекоа од нуклеарниот договор кој го ограничуваше збогатувањето на ураниум од страна на Иран, во замена за укинување на санкциите.