Како што пренесува „Дејли Мејл“, неименуван извор открил дека британскиот принц Ендру имал преку илјада љубовници, а ова е откриено после самоубиството на неговиот близок пријател, Џефри Епстајн.
Како што пренесуваат британските медиуми, негов близок пријател кој што сакал да остане анонимен, открил дека сексот е „голема работа“ во неговиот живот, но тој тврдел дека младите девојки не го интересирале Ендру, за разлика од неговиот пријател Епстајн.
Војводата од Јорк во изминатиов период се соочува со низа на обвинувања дека бил во блиски односи со озлогласениот Епстајн кој беше обвинет за педофилија, а во англиските и американските медиуми се појавија и фотографии кои не му одат во прилог.
На една од нив тој е во друштво на 17-годишната Вирџинија Робертс која што тврди дека ѝ било понудено да има секс со принцот. Секако, од Бакингемската палата и принцот веднаш ги негираа сите обвинувања.
Изворот за британските медиуми инсистира на тоа дека принцот немал секс со малолетни девојки. Ендру според изворот бил „плејбој“, а неговата желба за нови врски била главната причина зошто повторно не се оженил. Според него, Ендру имал над 1000 љубовници, но не бил заинтересиран за тинејџерки.
„Не пие, не пуши, не користи дрога, но сексот е важна работа во неговиот живот. Патуваше насекаде низ светот како амбасадор за трговија и вршејќи кралски должности и секогаш имаше пристап до убави жени и тоа целосно го користеше“, открил негов близок пријател.
Како што пренесуваат британските медиуми, Ендру го запознал Епстајн во 90-тите години од минатиот век и останал пријател со него дури и кога Епстајн одлежил затворска казна од 13 месеци за секс со малолетни девојки.