Интер понудил пари и двајца фудбалери за Милинковиќ-Савиќ

Дерби

24/08/2019

14:27

1.183

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте се уште не е задоволен од ростерот со кој располага, па покрај за Алексис Санчез, Интер во завршницата на преодниот рок е заинтересиран и за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Јасни се квалитетите на српскиот фудбалер, но главниот проблем е што Интер не може да ја понуди сумата која би го натерала Лацио да даде зелено светло за трансферот.

Медиумите тврдат дека Бепе Марота испратил понуда во која е вклучена одредена сума, но и Матео Политано и Роберто Галјардини кои би се преселиле во Лацио, за да го намалат финансискиот дел. „Ла Република“ смета дека уште еден проблем за реализација на трансферот е и краткото време кое Лацио ќе го има во обидот да ангажира замена за Милинковиќ-Савиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг