Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај Струмица

Макфакс

24/08/2019

16:22

1.282

Големина на фонт

а а а

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила синоќа во 22.40 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на крстосница за с.Зубово и с.Ново Село.

Според полицијата се судриле „ауди а6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(51) од Ново Село и „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К.(54) од с.Зубово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј со телесни повреди. На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг