Шокантен расплет: Рашфорд утна пенал, Кристал Палас победи на „Олд Трафорд“ по цели 30 години

Дерби

24/08/2019

20:27

1.087

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед сакаше брзо да го заборави реми исходот со Вулверхемптон од пред пет дена, но наместо тоа, тимот од театарот на соништата во наредните неколку дена ќе има за што да размислува, бидејќи денеска во шокантен расплет загуби од Кристал Палас.

Гостите го искористија катастрофалното прво полувреме на избраниците на Оле Гунар Солскјер за да стигнат до предност со голот на Ају, а во ситуација кога Јунајтед со сите сили тргна кон пресврт, самата завршница на мечот ни донесе голема драма. Најпрво Маркус Рашфорд не реализираше удар од белата точка и сигурно дополнително ќе ги распламне реакциите за тоа кој треба да ги изведува пеналите, но кога Јунајтед конечно стигна до израмнување во 89-та минута благодарение на фантастичниот гол на Џејмс, набрзо следеше нов шок на „Олд Трафорд“.

Домаќините се залета по комплетен пресврт, но невнимателниот Погба загуби една топка на средината, па контра нападот на гостите заврши со гол на Ван Анхолд во 93-та минута. На овој начин, Јунајтед во третото коло го претрпе првиот пораз во сезоната, но далеку поважно за Кристал Палас е тоа што ја оствари првата победа на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата по пауза од цели 30 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг