Оженетиот фудбалер пиел цела вечер, а потоа одвел друга жена во хотел

Супермен

26/08/2019

09:34

9.553

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот Вејн Руни е познат по тоа дека сака забави, алкохол и згодни жени, а не е тајна дека неговата сопруга Колин тоа сè потешко го поднесува.

Откако пред две години беше уапсен пијан зад воланот во друштво на друга жена, сопругата едвај му го прости неверството, а Руни ѝ “заблагодари” со тоа што во февруари се појави вест дека цел викенд го поминал пиејќи и во друштво на девојка. Колин тогаш сериозно му се закани со развод, но се чини дека ни тоа не му помогнало на Руни да се “смири”. 


Британскиот “The Sun” сега објави фотографии на кои се гледа фудбалерот како по целовечерното опивање влегува во хотелскиот лифт со мистериозна бринета. Како што пишува порталот, Руни заедно со своите колеги се забавувал во два клуба и пиел седум часа, а во текот на вечерта танцувал и разговарал со темнокоса убавица.


“Поголемиот дел од времето беше во друштво на гламурозна девојка која имаше дваесетина години. Се чинеше дека таа знаеше кој е тој. Разговараа долго, таа му шепотеше на уво, а тој ја држеше за струкот”, раскажал извор од клубот за “The Sun”. 


Фотографиите на кои Руни влегува во хотелскиот лифт со мистериозната девојка наводно се направени околу 5:30 часот наутро.


Инаку, Вејн Руни е во брак со Колин од 2008 година, по шестгодишна врска. Заедно имаат четири деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk