Килограми марихуана, голи келнерки и гости во секси долна облека: Шампионот на светот го прославил својот роденден

Супермен

26/08/2019

12:40

28.035

Големина на фонт

а а а

Роденденската забава била и повеќе од луксузна.

Мексиканецот Енди Руиз ја направил една од најголемите сензации во историјата на боксот бидејќи во Медисон Сквер Гарден со технички нокаут во 7-та рунда го победил Ентони Џошуа, а додека навивачите чекаат реванш на боксерот тој и тоа како знае да ужива.

По натпреварот со Џошуа заработил околу 5 милиони долари па затоа одлучил добро да се опушти. Својот 30-ти роденден го прославил така што имало послужено суши кое гостите го јаделе од голите девојки, отворал шампањ со мачета, а имало и полуголи келнерки, гости во долен веш и многу марихуана.

Покрај тоа централното место го зазела и статуата од мраз со негови иницијали, додека раперот Скоти Мјузик имал настап во живо.

Да потсетиме дека Мексиканецот ги надминал своите сопствени очекувања кога “влетал“ на натпреварот против Џошуа како замена и победил, па сега ги држи титулите WBA, IBO, IBF и WBF верзии со 33-1. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk