Боксерската легенда ја однел девојката на ручек, а поради цифрата на сметката се расплакал

Точка

27/08/2019

21:46

31.999

Големина на фонт

а а а

Британската боксерска легенда Рики Хатон (40) и неговата девојка Чарли ќе го паметат летувањето на Миконос во Грција веројатно додека се живи.

Едно од првите непишани правила за сите туристи кои одлучуваат да јадат или пак да се освежат во таверните или баровите е прво да го “проучат“ менито затоа што во спротивно може да се расплачат кога ќе им ја донесат сметката.

На британскиот боксер Рики Хатон (40) и неговата девојка Чарли сметката на крајот им достигнала околу 2.000 евра.


Како што Хатон напишал, тоа што најмногу го изненадило е цената за данок за специјалитетот од говедско месо која изнесувала 920 евра.

„Само што се разбудив во солзи. Тоа го добивате кога сте лакоми“ - напишал под својата објава на Инстаграм.

Покрај овој скап специјалитет и шампањот од 490 евра тој посочил на уште некои работи за кои цената баш и не е пристапна и според зборовите на сите оние кои ги познаваат цените на Миконос, во овој ресторан тие го мешаат умешното со она што тој ресторан го нуди. Во прилог на сето тоа одат и оцените и коментарите на сајтот „Trip Advisor“.


„Апсолутно срамно трошење на пари и далеку најлошо искуство во клубот на плажата во кој некогаш сме биле, а патуваме интензивно. Услугата е неверојатно лоша, од моментот кога ќе пристигнете таму. Храната е ОК, но дефинитивно не е вредна за цената“ - само еден од многуте коментари на незадоволните гости од овој ресторан на Миконос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk