Bugatti има нешто да ви каже: Chiron Longtail може и над 500 км/ч

Точка

05/09/2019

15:16

3.169

Големина на фонт

а а а

Овие денови главен хит во светот на автомобилизмот е брзинскиот рекорд на Chiron Longtail на Bugatti кој ја проби магичната граница од 300 милји на час (304,77 милји на час, односно неверојатни 490,48 км/ч).

После поставувањето на брзинскиот рекорд, од Bugatti пристигна уште една вест - компанијата тврди дека нивниот Chiron Longtail може да биде дури и уште побрз, во зависност од локацијата.

Имено, одлучено било Chiron Longtail да вози на патеката во Ехра-Лесиен компексот затоа што се верува дека тоа е најбезбедното место на светот за такво нешто. Патеката во Германија е долга 21 километар, има три ленти, бариери и служба за спасување на северниот и јужниот крај. Пред секое тестирање, асфалтот се чисти со специјален материјал.


Сепак, постои еден негативен аспект. Патеката во Долна Саксонија е на само 50 метри надморска височина. Само за споредба, патеката во Невада каде што неколку рекорди постави Koenigsegg Agera RS се наоѓа на 1,036 метри надморска височина.

Според Bugatti, што поголема надморска височина, помал аеродинамички отпор, затоа што воздушниот притисок и густината на воздухот се намалуваат.


Од таа причина, од компанијата сметаат дека нивниот „ѕвер“ може да постигне до 25 километри на час поголема брзина на Nevada State Road 160. Со други зборови, модифицираниот Chiron би можел да пробие уште една бариера, таа од 500 километри на час (околу 515 километри на час), што е значително повеќе од рекордот на Koenigsegg кој изнесува 446,97 километри на час.

Сепак, од Bugatti не се одлучиле за оваа опција од безбедносни причини. Рутата во Невада е многу долга и се движи само во една насока, па така на спасувачката екипа би ѝ било потребно многу повеќе време да стигне на местото на потенцијалната несреќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг