Голем астероид ѝ се заканува на Земјата: Доколку удри во неа ќе направи масовно уништување

Точка

06/09/2019

17:31

8.110

Големина на фонт

а а а

Масивен астероид со големина на Ајфеловата кула, денес би требало да помине покрај Земјата, предупредуваат од НАСА.

Астероидот е толку многу голем што доколку удри во Земјата ќе направи кратер од околу 5 километри, но и потенцијално масовно уништување.

Астероидот „2019 GT3“ ќе помине покрај Земјата со брзина од околу 50.000 км/ч.

Во случај да тргне кон Земјата би бил толку многу голем што нема да може да се распадне во атмосферата, па би удрил во Земјата и би направил огромна штета, но и масовно уништување на тој дел од планетата во кој би удрил, предупредиле од НАСА.


НАСА овој астероид го сместила во категоријата на потенцијално опасни астероиди (PHA) како заканувачки близок објект кој во случај на удар во Земјата би оставил сериозни последици по нашата планета.

“Блиска средба“ со астероидот „2019 GT3" се случува само неколку недели по поминувањето на разорувачкиот астероид кои научниците го забележале само неколку часа пред да помине покрај Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг