Морничав предлог на шведски научник: „Да станеме канибали и така да се справиме со климатските промени! Сето тоа е работа на табу!“

Точка

07/09/2019

16:53

8.036

Големина на фонт

а а а

Шведскиот канал „TV4“ ги изненадил своите гледачи со тоа што сериозно расправал за идејата за јадење месо едни од други “за да се спасиме од климатските промени“.

Шокот доаѓа од Стокхолм, саемот Гастро Норд, иначе познат како “најважна европска гастрономска платформа“ на која истражувачот Магнус Содернулд, професор по маркетинг и директор на Центарот за потрошувачки маркетинг при Стокхолм одржал семинар за можноста за јадење човечко месо.

Одговарајќи на прашањето на домаќинот за тоа што инстиктивно нè поттикнува на реакција на гадење кога станува збор за идејата на консумирање човечко месо, Содернулд мирно одговорил: „Пред сè таа личност која треба да ја изедеме треба да биде мртва“.

Содернулд истакнал дека во западниот свет постојат многу потешки табуа кои им отежнуваат на поединци кои сакаат да влезат во човечката месна индустрија. Тој заклучил дека луѓето многу тешко се носат со фактот на мртвите луѓе што изгледа чудно затоа што “луѓето се убиваат многу почесто во текот на времето“.

Истражувачот нагласил дека постојат многу табуа за растргнување на мртво тело.

„Луѓето во пошироката јавност малку се конзервативни кога станува збор за јадење нешто на кое не навикнале“ - изјавил и додал: „Доколку гледаме на ова како решение кога станува збор за климатските промени тогаш важно е и да се покрене тоа прашање“ - заклучил Содернулд.

Социјалните мрежи веднаш почнале да реагираат на таквата изјава на научникот па почнале да коментираат: „Глупави, конзервативни, заостанати луѓе кои одбиваат да јадат месо едни од други за да ја спасат климата“ - саркастично напишал твит новинарот Матиас Албинсон.

„Јасно е. Прво треба да го изедеме... Какво образложение има патетичниот професор канибал? Доаѓа ли од дипломците на најмрачната дупка во Нова Гвинеја? Дали нè влече за нога? Дали очигледно доби слава?“ - замислено напишал друг корисник на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг