Идната невеста била топлес - познатиот НБА играч ја запроси својата девојка

Супермен

09/09/2019

13:56

9.406

Големина на фонт

а а а

НБА ветеранот Јоаким Ноа ја запросил манекенката и една од ангелите на Викторија Сикрет, Лаис Рибеиро, а тоа го направил на фестивалот „Burning Man“.

28-годишната манекенка среќната вест ја објавила на Инстаграм.

„Малку доцнам со фотографиите од „Burning Man“ и секако дека не сум го допрела телефонот 5 дена и немам ниту една фотографија, но му благодарам на мојот најдобар пријател кој успеа да го фотографира еден од најубавите моменти во мојот живот“ - напишала таа.

„Ноа ме изненади на моето омилено место и ме запроси. Не можам да бидам посреќна. Луѓе, ќе се венчаме“ - додала таа.

Ноа кој минатата година играше за Мемфис и сам се огласил на Инстаграм каде што напишал дека запросувањето било најлесната одлука во неговиот живот и додал сцена од фестивалот.

Парот почнал да се забавува во 2018-та година, а на социјалните мрежи им пристигнале честитки од сите страни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk