Се сомневате ли во издржливоста на телефоните на Нокиа?

Точка

10/09/2019

16:50

3.344

Големина на фонт

а а а

Ова е телефонот чиј што назив е цврст/издржлив и веројатно е најверодостојниот наследник на еден од најиздржливите модели кои што ги паметиме, Нокиа 3310.

Наследникот на 3310 е наречен 800 Tough, кој што може да се каже дека е направен за да биде неуништлив. Секако, поседува IP68 сертификат, но го поседува и воениот MIL-STD-810G сертификат. Направен е од гума најтврда полимер пластика и метал. Прашината и водата ништо не му можат, ниту пак калта, мразот, а под вода може да издржи до половина час на длабочина од метар и пол.

Куќиштето е специјално изработено за да може телефонот да се користи и со ракавици, има слој кој оневозможува лизгање, а има и посебен дел за прикачување на ремен или слично.

Звукот е зајакнат, а исто така зајакната е и јачината на светлото на батериската лампа која изнесува 200 лумени. Телефонот е опремен со екран кој веројатно е најслабата точка - станува збор за TFT екран со 256к бои и 240х320 пиксели и само 2,4-инчи дијагонала.


Батеријата има капацитет од 2,100 mAh што е и повеќе од доволно кога станува збор за телефон кој што не е паметен. 800 Tough „фаќа“ 4G/LTE сигнал и обезбедува до 12 часа непрекинат разговор, а има и Wi-Fi и Bluetooth. Телефонот работи на KaiOS оперативниот систем кој овозможува користење на Google сервисите, како на пример Google Maps, но и WhatsApp, Facebook и слично.

800 Tough работи благодарение на Qualcomm MSM8905 Snapdragon 205 и најверојатно ќе се продава по цена од 109 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг