Шокантна исповед на маж кој е во брак 15 години: „Секогаш кога ќе го видам помладиот колега не ми е добро, мислам дека се заљубив“

Супермен

11/09/2019

16:20

6.478

Големина на фонт

а а а

Еден 38-годишник се нашол во голем проблем од кој не гледа излез.

Тој е веќе 15 години во брак и со сопругата има три деца, а сега мисли дека полека се заљубува во колега од работа.

„Тој помлад маж и јас се запознавме откако нè ставија во ист тим на работа и ситуацијата станува многу напната“, бил искрен мажот.


Раскажал дека тој и сопругата имаат одличен брак и три прекрасни деца, но и дека секој пат се “губи“ кога ќе го види колегата.

„Јас имам 38, а тој само 23 години. Никогаш не сум го почувствувал вакво нешто кон маж, а гледам дека и тој се чувствува исто. Постојано ми вели дека поради мене би ја оставил девојката. Чувствата нѝ се интензивни“, продолжил тој.

Ѝ се обратил на терапевтката Деидра за помош, која веќе се сретнала со вакви приказни, па веднаш му одговорила дека никој не е 100% хетеросексуален.


Го посоветувала поради сопругата и децата да не донесува имплусивни одлуки.

„Кажете му на момчето кое ви се допаѓа дека мора да престанете да флертувате додека не одлучите што ќе правите, а помош при одлуката може да побарате во некој од ЛГБТ центрите каде детално ќе ви објаснат дали станува збор за минлива привлечност или за хомосексуална ориентација, која со години сте ја поттиснувале“, завршила таа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk