Касами: Не може за правда да одлучуваат политички фактори што бегаат од неа

Макфакс

11/09/2019

17:54

1.303

Големина на фонт

а а а

Aпсолутно е неприфатливо две страни вклучени директно или индиректно во судски постапки или во истраги на СЈО да преговараат за иднината на ваквите важни институции во државата, рече претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, на прес-конференција, алудирајќи на неуспешната вчерашна средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, како политички претставници на ДУИ, не може да одлучат да имаат независен и професионален судски систем бидејќи обете страни заедно, со нивниот заеднички именител ДУИ, се актери што сакаат да избегаат од правдата“, порача Касами.

Како што рече тој, не е прифатливо за правдата и за владеењето на правото да преговараат токму оние што ја избегнуват правдата и повика на формирање т.н. државна комисија.

„Неопходно да се прифати предлогот на Движењето Беса за државна комисија составена од експерти, каде што ќе учестуваат и САД и ЕУ со одлучувачко право. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на Јавното обвинителство, судовите и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување правда и владеење на правото“, истакна лидерот на Движењето Беса.

Посочи и дека ваквата државна комисија ќе мора да го спроведе процесот на проверка, кој, како што рече, е процес без кој Северна Македонија никогаш нема да може да излезе од транзиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг