Филипче: Од 1-ви октомври се надминува проблемот со недостиг на лекови

Макфакс

11/09/2019

18:03

1.150

Големина на фонт

а а а

Целосното укинување на квотите за лекови на рецепт почнува на 1. октомври, најави министрот за здравство Венко Филипче, кој потсети дека во август се укинаа квотите за лекови на рецепт во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија.

Како што рече тој, со ова решение е надминува на проблемот со недостатокот на лекови и тие стануваат подостапни за пациентите.

Министерот наведе неколку придобивки за кои вели дека ќе бидат обезбедени за граѓаните преку оваа мерка во здравството.

„Пациентите ќе имаат редовен пристап до лекови на рецепт во текот на целиот месец односно нема да има големи гужви за подигање лекови на рецепт, особено на почетокот на месецот. Исто така, грѓните ќе немаат страв дека може да останат без потребниот лек за терапија доколку нема квоти во аптеките при крајот на месецот“, нагласува Филипче.

Според оваа одредба, осигурените лица од први октомври ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека со рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

На рецептот го има името и презимето и единствениот матичен број на осигуреникот на кого е препишан лекот. Доколку осигуреникот не може сам да го пидигне лекот, тогаш го подигнува друго лице во негово име чиј број на лична карта се запишува на рецептот. На овој начин, нагласуваат од ресорното министерство, точно ќе може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг