Очи полни радост, љубов и задоволство: Сара и Димитар го прославија првиот роденден на Илина

Точка

11/09/2019

21:53

8.449

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс, и водителот Димитар Атанасовски вчера го прославија првиот роденден на нивната ќерка Илина.

Тие минатата година станаа родители на нивното прво дете. Оттогаш таа им е центарот на вниманието, па секој момент го користат максималнио за да бидат покрај неа.

View this post on Instagram

?

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Прославата за првиот роденден на нивната најголема љубов, Илина, ја направиле во една позната скопска игротека, каде присуствувале нивни блиски пријатели, меѓу кои имало и јавни македонски личности.

View this post on Instagram

❤️ #family

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

За оваа прилика, малата Илина била облечена во бело фустанче во комбинација со патики - како вистинска мала принцеза.


Сара за овој специјален ден облекла долго здолниште со маичка, а Димитар, пак, бела кошула со кратки панталони.

Нивната заедничка фотографија привлече големо внимание, со оглед на тоа дека парот изгледа среќно и задоволно, па може да заклучиме дека во домот на Сара и Димитар владее љубов и хармонија.


За разлика од други познати парови кои не сакаат да ги експонираат децата во јавност, Сара и Диме често се активни на социјалните мрежи, па секој интересен момент го споделуваат со следбениците.

Па така, пред неколку денови Димитар низ шега јавно побара помош за некој да се грижи за Илина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг