Боатенг: Бев идиот, во еден ден купив Ламборгини, Хамер и….

Дерби

11/09/2019

21:32

3.027

Големина на фонт

а а а

Кевин Принс Боатенг во интервјуто кое го одработи за „Билд“ направи една интересна паралела за лошиот однос кој го имаат младите фудбалери во модерниот фудбал, но напоредно, направи и уште едно интервну за „Ла Република“ во кое посочи дека сличен однос имал и тој додека бил неискусен.

Славата на млади години носи соочување со многу нови предизвици, но и неизмерно трошење на пари ако се нема самоконтрола, нешто што знае да биде случај со голем број млади фудбалери. Таков бил случајот и со Кевин Принс Боатенг, кој сега открива дека до толку немал контрола над случувањата, што во еден ден купил три скапи автомобили додека бил дел од Тотенхем.

– Кога ќе се навратам назад, доаѓам до еден заклучок. Не го третирав фудбалот како работа. Јас бев идиот. Имав талент, но трениравм минимално. Последен доаѓав на тренинзите и прв си одев. Сакав да минувам повеќе време со пријателите. Имав пари и живеев како крал. Се сеќавам дека додека бев во Тотенхем, во еден ден купив три автомобили. Купив Ламоборгини, Хамер и Кадилак. Поучен од моите грешки, сега им кажувам само едно нешто на младите играчи. Можете да купите што сакате, но среќата никогаш не можете да ја купите. Имав семејни проблеми и со трошењето пари на глупости се обидував да се направам среќен. Купив три автомобили за да бидам среќен во наредните три недели, – открива Боатенг кој од оваа сезона е член на Фиорентина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг