Откриена голема тајна: Во внатрешноста на овие ѕидини пронајдени траги од железното време!?

Точка

12/09/2019

15:25

3.413

Големина на фонт

а а а

Во внатрешноста на ѕидините на Кремљ откриени се многубројни остатоци од садови, а тоа откритие би можело да послужи како доказ дека на тоа место имало население 1000 години пред нашата ера, изјавил директорот на Институтот за археологија при руската академија на науки Николај Макаров.

Истражувањето таму трае уште од месец мај, а денес изненадувачки се откриени делови од керамички садови од железното доба што, како што вели Макаров, ја претставуваат историјата пред Кремљ и кои најверојатно ги оставиле угро-финците кои живеле на крајбрежјето на реката Москва во втората половина на 11-от век пред новата ера, пренесуваат од „Tass“.


Според неговите зборови, претходно само се претпоставувало дека тие живееле таму, а сега пронајдени се и докази.

„Врз основа на пронајденото можеме да кажеме дека тука постоела населбата Џаково и дека тоа било постојана населба, а не само случајна локација кои ја посетувале луѓето од оваа угро-финска култура“ - изјавил Макаров.




Спонзорирани линкови

Маркетинг