Вереникот на Џенифер Лопез откри дека на венчавката ќе ги покани сите поранешни

Кармин

12/09/2019

15:35

4.139

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џенифер Лопез, во март оваа година се вереше со пензионираниот бејзбол играч, Алекс Родригез.

Алекс ја запросил со прстен од милион долари на плажа на Бахамите, а оттогаш двајцата не открија никакви детали за медиумите, поврзани за венчавката. Но, за време на гостувањето во емисијата „Good Morning America“ во вторникот, Родригез конечно открил некои детали, а најсочниот од сите се однесувал на списокот со гости.

View this post on Instagram

Locking it down. ? #futuremrsrodriguez

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

На прашањето на водителката Сара Хаинес, за тоа дали на венчавката ќе бидат и нивните поранешни сопружници, бидејќи тој и Џеј Ло позади себе имаат пропаднати бракови, тој одговорил потврдно.

„Поранешните се повикани на венчавката. Сите се вклучени“, открил Алекс, и заклучил: „Колку повеќе толку подобро!“

Па така на нивната венчавка, чиј датум е сè уште непознат, можеме да го очекуваме пејачот Марк Антони, со кој Џеј Ло беше во брак од 2004-та до 2014-та година и со кој има две деца, 11-годишни близнаци, и другите двајца поранешни сопружници.

„Ќе ви откријам само една ситница. Венчавката ќе биде другото лето“, рекол Родригез, на што водителката возвратила со уште едно прашање, дали ќе се венчаат во Дубаи, па Родригез порекнал.

Но, без оглед на тоа кога и каде ќе се одржи венчавкаа, сигурни сме дека тоа ќе биде вистински спектакл, а се надеваме дека на двајцата ова ќе им биде последна. 

View this post on Instagram

11:11 ???

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk