„Тоа може да ги онеспособи луѓето“ - еден ден по неговото претставување новиот iPhone на мета на обвинувања

Точка

12/09/2019

19:50

6.607

Големина на фонт

а а а

Само еден ден по претставувањето на новиот iPhone 11, социјалните мрежи се преплавени од коментари за тоа како новиот дизајн на тој телефон може дополнително да го поттикне еден од стравовите кај луѓето.

Луѓето кои патат од страв од мали дупки тврдат дека дизајнот на iPhone 11 на „Apple“ ја поттикнува нивната фобија.

На многумина на претставувањето на телефонот вниманието им го привлекла “ултра широката“ задна камера со три објективи кои се позиционирани многу блиску. Објективите се наоѓаат и во близина на микрофонот и влезот за слушалки.

Околу сто корисници на паметни телефони тврдат дека тој нов дизајн ја поттикнал нивната Трипофобија, односно страв од мали дупки.

##https://twitter.com/cnnphilippines/status/1171926393531166726##

Изразот Трипофобија првпат е употребен во 2005-та година на познатиот форум „Reddit“ и оттогаш многу често се зборува за него, особено на социјалните мрежи. Актерката Сара Полсон и манекенката Кедел Џенер се меѓу оние кои тврдат дека имаат Трипофобија.

Џеф Кол и Арнолд Вилкинс од Универзитетот Есекс, учествувале во првото научно истражување за Трипофобија. Кол, претходно оваа година, за Би-би-си изјавил: „Сите ја имаме, само прашањето е во колкава мера“.

Реакцијата на малите дупки може да биде екстремна, се тврди во заклучокот на нивното истражување. Кол и Вилкинс дошле до сведочење на луѓето кои велат дека дури и повраќале и со денови не можеле да одат на работа.

„Тоа може да ги направи луѓето да бидат неспособни“ - заклучил Вилкинс.

Секако дека поврзаноста на новиот iPhone и Трипофобијата предизвикала и многубројни шеговити реакции на социјалните мрежи...



Спонзорирани линкови

Маркетинг