Без разлика дали ги следите или спаѓате во онаа група на луѓе кои сметаат дека ерата на Кардашијан уништи бројни вредности и лошо влијае на милиони млади луѓе, едно е сигурно - тие се права машина за правење пари.
Тоа го докажала и најстарата сестра Ким Кардашијан, која вчера ја пушти во продажба колекцијата корсети за жени, во сите облици и големини, и за само неколку минути заработи два милиони долари.
Колекцијата „SKIMS“ е пуштена во продажба, а сајтот е блокиран поради преголема посета, пренесува американскиот портал „TZM“.
Цената на корсетите позади кои се потпишува КК е и до 100 долари.