Светска премиера: Новиот Audi RS7 Sportback

Точка

13/09/2019

11:25

3.515

Големина на фонт

а а а

Audi на Саемот на автомобили во Франкфурт ја претстави новата генерација на својата спортска купе-лимузина.

Новиот RS7 Sportback е еден од автомобилите кои оваа година привлекоа најголемо внимание на Саемот на автомобили во Франкфурт кој може да се пофали со бројни премиери на атрактивни автомобили.

Исто како и неодамна претставениот RS6 Avant и овој модел го користи познатиот 4.0-литарски twin-turbo V8 мотор на Audi кој е потпомогнат од 48-волтен електричен систем кој на новиот RS7 Sportback му обезбедува таканаречен „благ“ хибриден погон.


Моторот испорачува 600 коњски сили (441 kW) и 800 Nm максимален обртен момент што е доволно автомобилот од 0 до 100 километри на час да забрза за 3,6 секунди, додека максималната брзина кај основниот модел е електронски ограничена на 250 километри на час.

Купувачите кои ќе го доплатат опциониот Dynamic пакет ќе можат да го возат својот RS7 Sportback и до 280 километри на час, а оние кои ќе се одлучат за Dynamic Plus пакетот ќе имаат на располагање Audi кое достигнува максимална брзина од 305 километри на час.


За овој автомобил безбедно да сопре при така големи брзини се грижат масивните сопирачки од 420 mm напред, односно 370 mm позади. Audi исто така нуди керамички сопирачки на предните тркала со дискови со пречник од 440 mm.

Новиот RS7 Sportback во европските продажни салони ќе пристигне до крајот на годината, а цената не е откриена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг