Елена Ристеска повторно во центарот на вниманието: Овој пат го покажа извајаното тело во предизвикувачко бикини

Точка

13/09/2019

22:17

17.455

Големина на фонт

а а а

Кога доаѓа крајот на летото, речиси сите се некако со иста мисла дека брзо поминало.

Но, славните Македонки на социјалните мрежи постојано ја поткреваат температурата, без оглед на годишното време.

Пејачката Елена Ристеска ова лето како да не сакаше многу да открива за тоа како ги поминува летните денови, па на својот Инстаграм профил најчесто објавуваше ретро летни фотографии, пред сè кога летуваше на грчкиот остров Миконос, кој ѝ е омилен.

Убавата пејачка сега се фотографираше во бел костим за капење и го покажа извајаното тело и длабоко деколте.

Имено, таа објави фотографија на која е легната и ужива во една луксузна вила во Грција, а глетката на нејзиното тело во бел костим за капење, предизвика воодушевување кај обожавателите и следбениците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг