Објавени првите фотографии од GTA VI?

Точка

13/09/2019

15:21

3.922

Големина на фонт

а а а

Најдолгоочекувана игра на сите платформи дефинитивно е Grand Theft Auto VI, но и покрај огромниот интерес на фановите, официјални детали од Rockstar се уште нема.

Уште една од низата на гласини кои што се појавија овој пат доаѓа во вид на три фотографии кои беа објавени на Reddit, но набрзо потоа беа веднаш избришани.

Квалитетот на фотографиите е многу лош затоа што не станува збор за скриншот, туку фотографија која што веројатно тајно е направена со телефон. Но, интересно е тоа што на фотографиите може да се види „ретро атмосферата“ која се поврзува со гласините дека дејството во GTA VI ќе се одвива неколку децении наназад.

Секако, сето ова треба да се земе со доза на резерва додека не пристигне официјална потврда. Додека чекаме било каква информација од Rockstar, погледнете ги фотографиите подолу.

##https://twitter.com/SuperVault/status/1172204534048940039##


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk