Во што спие вашиот партнер? - еве како да го откриете неговиот карактер

Кармин

13/09/2019

18:03

3.555

Големина на фонт

а а а

Според зборовите на психологот Саманта Родман, она во што спие мажот открива каков е неговиот карактер. Во продолжение откријте дали описот одговара на вашиот партнер.

Пижами


На вашиот парнер му е најважна удобноста, а станува збор за многу сигурна личност на која секогаш може да се потпрете. Мажите кои спијат во пижами најчесто се поврзани со своите партнерки, ги негуваат семејните односи и многу уживаат во галење, истакнува психологот Родман. Во неговата прегатка ќе се чувствувате сигурно и посебно, но многу веројатно нема да имате луд и незаборавен секс. Да, срамежлив е!

Боксерици


Во оваа категорија дефинитивно припаѓаат најголем дел од мажите од многу едноставна причина - тоа им е наједноставно решение за да си легнат да спијат. Но и тоа многу зборува за нивниот карактер. Имено, според зборовите на Саманта Родман, овие мажи се многу едноставни, сакаат спорт, дружење со пријателите и секогаш се подготвени за акција. Често се сигурни во љубовта, а во бракот се добри сопрузи и татковци и покрај нив може да чувствувате материјална сигурност.

Ништо


Спиењето без ништо упатува на исклучително сексапилен маж кој е желен за акција и адреналин. Ако партнерот спие гол, веројатно обожува патувања и нови животни искуства, а истото важи и за жените. Луд е за врски за една вечер, згодни жени и добар секс, вели психологот Родман. Сепак, одлична е веста дека и овие мажи можат да сакаат и се заљубуваат, но ретко ѝ се посветуваат само на една жена. Околината често ги доживува како ексцентрични.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk