Аријана Гранде, Лана деј Реј и Мајли Сајрус го објавија спотот за песната „Don’t Call Me Angel“

Точка

13/09/2019

19:05

4.098

Големина на фонт

а а а

Станува збор за песната која ќе биде искористена како насловна нумера во продолжението на филмот „Чарлиевите ангели“.

На средината на ноември излегува продолжението на (третиот по ред) популарното филмско остварување „Чарлиеви ангели“ во кој главните улоги ќе ги толкуваат Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска.

За потребите на овој филм снимена е насловна музичка нумера со наслов „Don’t Call Me Angel“.


Оваа песна ја изведуваат светските музички ѕвезди Аријана Гранде, Лана дел Реј и Мајли Сајрус, а судејќи по коментарите нумерата морало да биде подобра. Пред сè, многумина мислеле дека дел Реј добива “многу простор“ во текот на изведувањето на овој хит.

„Имав поголеми очекувања за оваа песна Мајли и Лана требаше да отпеат повеќе стихови, а ова изгледа како секоја песна на Аријана. Лана дел Реј требаше да ја отпее цела песна“ - биле некои од коментарите.

Погледнете го спотот за песната „Don’t Call Me Angel“ за потребите на филмот „Чарлиеви ангели“ во изведба на Аријана Гранде, Лана деј Реј и Мајли Сајрус:



Спонзорирани линкови

Маркетинг