Дрон сними потпалувач на стрниште во Сарај

Нетпрес

14/09/2019

12:06

2.543

Големина на фонт

а а а

При вонреден инспекциски надзор со дрон, инспекторите на град Скопје извршија снимање на територијата на општината Сарај и забележаа лице кое врши спалување на органски материјал.

Со помош на дронот е направена снимка од процесот на спалување на отпадот, инспекторите го идентификуваа лицето и против него ќе биде поднесена пријава.

Сторен е прекршок по член 24 а и казнив по член 139 став 1.4 од Законот за управување со отпад. Казната за овој прекршок изнесува 1.000 евра.

Од градот информираат дека дронот ќе биде секојдневно ангажиран за снимање на теренот и за откривање на загадувачите на воздухот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг