Два големи пожари утрово го зафатиле островот Кефалонија, поради што локалното население од селото Лоурдата превентивно е евакуирано.
До големиот пожар дошло околу 6 часот наутро, на земјоделскиот дел над селото Лоурдата, во делот полн со туристички сместувања и вили.
Поради силните ветрови, само еден хеликоптер и авион го гаснат пожарот.
Пожарот делумно бил под контрола, а пожарникарите сè уште не биле на терен поради невремето.