Купила крема од аптека, а сега се бори за живот: Жена од Калифорнија со месеци е неподвижна во болница поради труење со жива!

Точка

14/09/2019

20:46

4.194

Големина на фонт

а а а

Жена од Калифорнија е хоспитализирана во полукоматозна состојба откако употребила крема за лице од Мексико, која била натопена во токсична метил-жива.

Нејзиниот син изјавил дека таа во болницата е уште од јули. Во болницата била примена со вкочанети раце и мускули на лицето, отежант говор и проблеми со одењето, а нејзината состојба уште повеќе се влошила, пренесува агенцијата АР.

Властите велат дека жената имала 2,630 микрограми жива на литар крв, што е за 500 пати повеќе од прифатливото ниво.


Здравствените работници соопштиле дека 47-годишната жена од Сакраменто ја купила кремата во аптека во мексиканската држава Халиско.

Живата понекогаш се користи за осветлување на кожата и отстранување на брчките на лицето, иако е отровна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг