Рецептот за највкусната пица го открива најпознатиот готвач на светот - Џејми Оливер

Кармин

16/09/2019

17:35

7.039

Големина на фонт

а а а

Љубители на пица сте, но и ги сакате кулинарските способности на популарниот Џејми Оливер? Тогаш без сомнеж ќе го обожувате овој рецепт... Многумина кажуваат дека кога пицата еднаш ќе ја направите на овој начин тогаш нема ни да помислите да се вратите на стариот начин на нејзино приготвување.

Состојки:

- 1 кг. бело брашно;
- 200 грама гриз;
- 2x7 грама сув квасец;
- 1 лажица шеќер и
- 4 лажици маслиново масло. 


Подготовка:

Во 650 милилитри измешајте го квасецот, шеќерот и маслото и оставете да отстои неколку минути па смесата претурете ја во подлабок сад.

Полека додадете брашно и гриз и мешајте додека смесата не се соедини. Месете го тестото додека не добиете еластична текстура.

Ставете го тестото во голема чинија и ставете брашно на врвовите. Покријте го садот со влажна крпа и оставете да отстои на собна температира околу еден час да нарасне.

Потоа извадете го тестото и месете додека целиот воздух не се истисне. Поделете го тестото на топчиња, а оваа смеса од 1 кг. брашно е доволно за да подготвите 6-8 пици со средна големина.

Тестото премачкајте го со маслиново масло па исполнете го со намирниците кои најмноу ги сакате.

Пријатно јадење од Џејми Оливер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk