„Реквием бенд - 24 години подоцна“ - бидете дел од оваа голема и долгоочекувана забава

Точка

17/09/2019

10:54

4.006

Големина на фонт

а а а

Денеска (17.09.2019), во познатиот скопски ресторан „Рулет клуб“ ќе се одржи голем настан под назив „Rekviem bend - 24 години подоцна“.

Самото име кажува сè... Првите членови на култниот скопски cover band „Rekviem“, ќе се соберат да одбележат 24 години од формирањето на групата.

Инаку, Реквием бенд и неговите први членови Гого, Мики и Роберт, во 90-те години беа синоним за невидени забави, не само во Скопје, туку низ целата земја.

На нивните настапи секогаш доаѓале и еминентни имиња од Ex Yu сцената, од кои може да се издвојат Оливер Драгоевиќ, Хари Мата Хари, Ален Исламовиќ...


Иако најголемите забави ги направиле во МНТ Бистро, сепак својата прва забава ја почнале во Рулет клуб, и поради еден вид на благодарност и носталгија, решиле и ова собирање да го направат токму таму.

Но, никој не очекувал дека сите места ќе бидат резервирани во рок од 24 часа.


Своето присуство го најавиле и Ѓоко Танески, Силви Бенд, Сашо Гигов Гиш и многу дури колеги на Реквием бенд.

Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа голема и несекојдневна забава, знаете што треба да направите...




Спонзорирани линкови

Маркетинг