Samsung размислува за радикален потег: Идната година пристигнува Galaxy One?

Точка

17/09/2019

11:26

3.263

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската компанија би можела да ги „пензионира“ двете најпопуларни серии на паметни телефони - Galaxy S и Galaxy Note и да ги замени со еден уред, новата серија Galaxy One.

Кога Samsung го претстави првиот Galaxy Note модел, тој уред од конкурентските топ-модели се разликуваше по две работи - големиот екран и S Pen. Со текот на времето на пазарот се појавија бројни уреди со екрани од 6 и повеќе инчи, па кај последните генерации „пенкалото“ е единствената разлика помеѓу Note и останатите телефони.

Тоа секако се однесува и на разликите помеѓу Note и Galaxy S серијата, а посебно оваа година „десетките“ се слични кога е во прашање големината на екранот, хардверот и камерите, со тоа што Galaxy S нема Stylus пенкало.


Поради тоа, првите луѓе на јужнокорејскиот гигант наводно размислуваат за прилично радикален потег - да ги поврзат сериите Galaxy S и Galaxy Note во целосно нова серија - Galaxy One. Овие информации на Твитер ги објави Еван Блес чии што извори досега се покажаа како прилично добри.

Доколку оваа идеја добие зелено светло, тогаш можеме да очекуваме веќе во првата половина од идната година да пристигне првиот телефон од новата Galaxy One серија на Samsung.

Секако, Samsung веројатно ќе претстави неколку модели (како што оваа година беа претставени Galaxy S10e, S10 и S10+), а сите, или само најмоќниот модел би имал S Pen. Но, тоа не значи дека втората половина од идната година ќе остане „празна“, туку најверојатно ќе бидат претставени новите „флексибилни уреди“ од серијата Fold.


И покрај почетните телефони со Fold уредот, сепак инжинерите на Samsung пронајдоа решение за пукањето на екранот и сега веќе работат на нови модели, па веќе следната година би можеле да очекуваме претставување на негов наследник или нов и поевтин модел.

Да потсетиме, сепак станува збор за гласини, па овие информации треба да се земат со доза на резерва, затоа што и натаму постои голема можност Samsung да ги претстави новите генерации на Galaxy S и Galaxy Note.



Спонзорирани линкови

Маркетинг