Како принцот Вилијам реагирал на топлес фотографијата од својата мајка Дајана - „Дали градите навистина ми се мали?“

Кармин

17/09/2019

14:37

5.784

Големина на фонт

а а а

Директорот на магазинот и издавачката куќа „Conde Nast“, Николас Колериџ открил непознат детаљ за тоа како врсниците го провоцирале принцот Вилијам поради фотографијата на принцезата Дајана на која е топлес и која е објавена во далечната 1996-та година.

За тоа Николас првпат проговорел во своите мемоари во кои раскажува сè за средбата со принцезата Дајана.

Таа некогаш му се придружила на ручек една недела по објавувањето на фотографијата и открила дека тогаш четиринаесетгодишниот Вилијам бил многу вознемирен и ѝ се јавил од училиште.


„Николас, дали може да те прашам нешто? Но, те молам биди искрен! Дали си ја видел мојата фотографија во „Дејли Мирор“, онаа топлес? Вилијам е многу вознемирен, ми кажа дека некои деца го провоцирале и му велеле дека моите гради се премали. Дали се мали, што мислиш?“ - го прашала Дајана.

Во тој момент поцрвенел и ја доживеал една од најнепријатните ситуации во својот живот, па ѝ одговорил дека нејзините гради се совршени и дека не треба да се грижи за тоа.

Интересно е тоа што принцот Влијам поминал низ истата ситуација подоцна, но со својата сопруга Кејт Мидлтон која папараците ја фотографирале топлес на одмор. Тогаш Вилијам барал 1.3 милиони фунти отштета од списанието „Closer“.


Вилијам по тој повод изјавил дека целата ситуација е грозна затоа што го потсетила на неговата покојна мајка која исто така ја фотографирале папараци, а токму тие предизвикале сообраќајна несреќа во која таа го изгубила својот живот додека ја следеле со автомобилот во обид да ја фотографираат во друштво на љубовникот Дод Ал-Фаједа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk