Новата функција на iPhone веќе го “улови“ Фејсбук како ги собира податоците за вас

Супермен

17/09/2019

16:43

3.197

Големина на фонт

а а а

Новата верзија на оперативниот систем носи многубројни безбедносни функции кои ќе откријат дали некоја апликација ве следи. Сите кои ја спуштиле верзијата на Apple од новиот апдејт за iPhone (iOS13) почнале да добиваат нотификации на својот уред: „Фејсбук би сакал да го користи вашиот блутут“.

Новата верзија на оперативен систем има многу безбедносни функции кои на луѓето им даваат повеќе контрола над сè она што го споделуваат на апликациите.

Технолошките гиганти како што се Гугл и Фејсбук собираат податоци за своите корисници за да може подобро да ги таргетираат рекламите.

А, сите оние кои го спуштиле новиот iOS, забележале дека апдејтот веќе ги зафатил Фејсбук и Јутјуб како ги користат методите за собирање податоци кои веројатно ги користат веќе подолго време.


Еден од тие методи се поврзување со блутут на телефонот за да може апликацијата да ја прати физичката локација на корисниците и нивната оддалеченост или близина со други телефони.

Фејсбук ги користи овие податоци за да може да носи претпоставки за врските помеѓу луѓето.

Фејсбук може да забележи дека сте помнале неколку часа покрај некој во стан за подоцна да заклучи дека станува збор за некаква “интимна врска“.


Социјалната мрежа овие податоци може да ги користи и за својот сервис за запознавање кој неодамна го лансираше.

Сопствениците на iPhone телефоните можат да ги исклучат овие сервиси кои ги откриваат локациите, но Фејсбук дури и тогаш може да ги следи со помош на опциите како што се, check-in или податоци во врска со интернет локацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk