Ѓоргиев со кратка, ама емотивна порака: За мојата земја, за мојот народ, за Македонија

Дерби

18/09/2019

08:36

1.696

Големина на фонт

а а а

Капитенот Никола Ѓоргиев одигра уште еден брилијантен натпревар и беше вистински лидер во триумфот над Словенија со што се ставивме во позиција да можеме да се пласираме во осминафиналето на Европското првенство.

По дуелот во „Стожице“, Ѓоргиев неколкупати посочи дека срцето му е полно, односно дека сака да заплаче, ама нема солзи од замор. Поради ова популарниот Кинг Нико одлучи да ги искористи социјалните мрежи каде испрати една кратка, ама емотивна порака:

-За мојата земја, за мојот народ, за Македонија. Гази Македонија, -порача капитенот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг