Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар централен дефанзивец во моментов.
Сепак, Холанѓанецот не блескаше на синоќешната партија против Наполи и беше меѓу најслабите во тимот, а по средбата даде и коментар околу својата иднина.
Ван Дијк посочи дека прочитал во медиумите дека преговара за нов договор со Ливерпул, но брзо ги негира тие написи.
– Во моментов ништо не се случува. Видов во медиумите дека преговарам за нов договор, но моментално ништо не договараме. Сега сум фокусиран на натпреварите, ќе видиме што ќе се случи во иднина, во фудбалот ништо не се знае, - истакна Ван Дијк.