Чави знае кој ќе ги наследи Меси и Роналдо

Макфакс

18/09/2019

12:50

2.008

Големина на фонт

а а а

Легендарниот играч на Барселона, Чави, го знаел името на фудбалерот што треба да ги наследи Лионел Меси и Кристијано Роналдо на светскиот трон.

Чави е уверен дека кога ќе се повлечат двајцата најдобри в последната деценија дека на нивното место ќе дојде играчот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг.

„Меси и Роналдо со години доминираат. Тешко е и да се сетите како било пред нив. Двајцата се сè уште активни фудбалери, но ќе дојде денот кога некој друг ќе „влезе во нивните кондури“, рекол Чави и дополнил.

„Кога ќе ги погледнете играчите што би можеле да бидат крунисани секогаш ќе помислите на Нејмар, Мбапе, Салах. Сепак, во моментов Стерлинг е пред нив. Секогаш бил добар играч, а кај Пеп Гвардиола може да стане најдобар во светото. Сеуште е млад, видливи се резултатите од неговата соработка со Гвардиола, иако има него работи што треба да ги исправи. Тој може да биде најдобриот во светот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг