Откриен е новиот голем проект на Закерберг: Овој геџет ќе ги замени паметните телефони?

Точка

18/09/2019

14:28

3.348

Големина на фонт

а а а

Основачот на Фејсбук веќе подолго време работи на развој на геџет кој би го променил начинот на кој комуницираме.

Фејсбук веќе одамна е многу повеќе од социјална мрежа. Денес тоа е и хардверска компанија која продава паметни екрани и очила за виртуелна реалност, а развива и сопствена криптовалута "Libra".

Но, се чини дека ниту еден од тие проекти не е важен како "Orion" на кој Фејсбук работи веќе подолго време и кој би можел целосно да го промени начинот на кој комуницираме, пристапуваме и ги споделуваме содржините.

Станува збор за очила за проширена реалност коишто компанијата на Закерберг ги развива со соработка со "Luxottica", компанија која држи брендови како што се "Ray Ban" и "Oakley" и која што исто така соработуваше со "Google" за развој на паметните очила на технолошкиот гигант.


За првиот човек на Фејсбук, проектот "Orion" е еден од најголемите приоритети, затоа што доколку неговите предвидувања се покажат како точни, тогаш навистина би можеле да направат револуција на пазарот и да означат почеток на крајот на паметните телефони.

Интерните ограноци на Фејсбук веќе подолго време ги развиваат таквите очила, но досега нивните напори не вродиле со плод поради проблеми со дизајнот и димензиите, затоа што не можат да направат геџет кој ќе ги има димензиите како кај обичните очила, односно нема да биде наметлив, а истовремено ќе ги поддржува најновите технологии.

Со таквите очила ќе можеме да разговараме, би имале камера за фотографирање и пренос во живо на социјалните мрежи, а од внатрешната страна на стаклата би се прикажувала содржина, известувања и слично.


Засега има два начини за управување со "Orion" - преку гласовен асистент кој Фејсбук исто така го развива, а вториот е преку посебен прстен кој ќе има сензор за движења, па со поместување на прстенот или гестови би управувале со одредени опции на очилата.

На Закерберг не му се брза со развојот и според луѓето кои се добро запознаени со ситуацијата, рокот за завршување на ваквите очила е од 2023-та до 2025-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг