Приказна за сидата и печатната грешка: Беше обвинет за смртта на 700 илјади луѓе, а подоцна се дозна вистината

Точка

18/09/2019

20:18

7.687

Големина на фонт

а а а

Гаетан Дига бил згоден, духовит и нормален дечко. Тие кои што го познавале откриваат дека бил убеден дека еден ден ќе стане ѕвезда. Станал познат, но поради погрешни причини.

Во 1987-ма година, три години подоцна откако починал од сида, неговиот лик можел да се види на сите весници низ САД. Бил идентификуван како „нулти пациент“ (Patient Zero, односно прв заболен од одредена болест). Со тоа станал главен негативец, одговорен за епидемија која резултирала со смрт на 700 илјади луѓе. На една насловна страна го опишале како „монструм кој нè зарази со сида“.

Стјуардот од францускиот дел на Канада не ја криел својата сексуална определба, ниту пак се правдал за својот сексуален живот. Имал секс со по дури 250 мажи годишно, а подоцна го нарекле „Колумбо на сидата“, иако всушност тој не бил тоа.

Обвинет е поради низа на фактори: француски акцент, подготвеност за соработка и печатна грешка во која една буква била заменета со бројка. Како дошло до тоа открива документарниот филм „Убивање на нултиот пациент“ (Killing Patient Zero).

Кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години од минатиот век, Дига работел како стјуард за авиокомпанијата "Air Canada" каде што имал прилика да патува и да запознае голем број на сексуални партнери. Либерализацијата на хомосексуалноста започнала и Гаетан „лудувал“, за потоа да се појави сидата и да настане вистинска катастрофа.

Од американскиот Центар за контрола на болести (CDC) разговарале со неколкумина заразени во Калифорнија и Њујорк во осумдесетите години. Еден од нив рекол дека има секс со стјуард со акцент, а друг ја покажал визит-картата на Дига.

Дига бил повикан на разговор во Центарот за контрола на болести, а тој за разлика од другите покажал голема подготвеност за соработка. Дозволил да му земат крв и ги открил имињата на дел од неговите сексуални партнери.


Во белешките на "CDC" бил запишан како „Пациент 57“ и подоцна како "Out of California Case" (случај надвор од Калифорнија), затоа што живеел надвор од земјата. Во 1984-та година бил еден од 700-те илјади луѓе во Северна Америка кои што починале од болести поврзани со сидата.

Тука неговата приказна ќе завршела да не бил новинарот Ренди Шилтс кој во 1987-ма година го објавил бестселерот „И бендот продолжи да свири“ (And the Band Played On), револуционерно дело за ХИВ вирусот, кое што ја поттикнало американската влада да вложи повеќе пари во истражувањето на болестите.

Во еден дел се споменува „нултиот пациент“, од кого наводно вирусот започнал да се шири, а тој пациент бил Гаетан Дига. Медиумите експлодирале, неговиот лик се појавувал насекаде и го опишувале како одговорен за носењето на вирусот во Америка.


Меѓутоа, тоа било многу далеку од вистината, затоа што никогаш немало „нулти пациент“. Наместо буквата „О“ ("CDC" скратено го обележале како „Пациент О“, што значело "Out of California Case"), некој напишал нула „0“.

„Тоа што Шилтс го постигна беше навистина големо дело, но тој е виновен и за создавањето на вамписката верзија на Гаетан, за претворањето на човекот во монструм кој намерно започнал да го шири вирусот, а јас сум сигурен дека тоа не било така“, изјави режисерот на "Killing Patient Zero", Лори Линд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг