Леман го нападна Тер Штеген: Ако примиш 4 гола, нема што да бараш...

Точка

18/09/2019

15:53

1.629

Големина на фонт

а а а

Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген се меѓу најдобрите голмани на светот, меѓутоа на голот на германскта репрезентација може да застане само еден.

Пред септемврискиот репрезентативен собир, Тер Штеген го изрази своето незадоволство од својт статус во репрезентацијата на Германија, а неколку дена подоцна доби одговор од Нојер.

„Слушнав што рече и не ми се допадна тоа затоа што можеше тоа да ми го каже директно. Ние сме тим и треба да сториме се што можеме за да победиме. Искрено, мислам дека тој е причината поради која бранам добро“, изјави Нојер.

Во вербалната војна на Нојер и Тер Штеген се вклучи и легендарниот Јенс Леман кој застана на страната на чуварот на мрежата на Баерн Минхен.

„Мануел е подобар, тој е комплетен голман. Ако изгубам 4:0 од Ливерпул, тогаш не би имал никакви барања. Јас станав „единица“ во репрезентацијата на 27 години. Има тој уште време“, изјави Јенс Леман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг