Се повреди Алба, не е познато кога ќе се врати на терените

Точка

18/09/2019

15:59

878

Големина на фонт

а а а

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба претрпе повреда на задната ложа на дуелот против Борусија Дортмунд синоќа во Лигата на шампионите.

Алба се обиде да продолжи да игра, но мораше да го напушти теренот, по што во игра влезе Серџи Роберто.

„Прегледите покажаа дека Алба претрпе повреда, играчот моментално не е на располагање и темпото на опоравување ќе го диктира неговото враќање на терените“, соопштија од Барселона.

Барселона и Борусија Дортмунд синоќа одиграа без голови во првото коло од Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг