Зависност од дрога и алкохол - вработените во Фејсбук го откриваат “пеколот“ низ кој што секој модератор поминува

Супермен

18/09/2019

16:07

3.641

Големина на фонт

а а а

Тие секој ден го гледаат она најлошото кое човештвото го нуди. Задачата на модерирањето на постовите на Фејсбук продолжува да остава психолошки лузни на вработените во компанијата по неколку месеци откако се обидуваат да се унапредат условите за илјадници луѓе кои се ангажирани на оваа задача.

Група на моментални и поранешни вработени според договорот по кој работеле со години во центарот за модерација во Берлин, сведочат за тоа како гледале дека некои од нивните колеги стануваат “зависни“ од фотографии и видеа кои ги моделирале, додека пак многумина од нив правеле свои уште поекстремни колекции.

Според нивните зборови, голем број од вработените свртени биле кон екстремната десница поради количина на говор на омраза и лажни вести кои ги читале секојдневно.

Тие опишуваат дека нивната работа ги “сомлела“ поради огромната количина на материјал која морале да ја прегледаат, а особено се издвојуваат насилствата и сексуалните содржини.


Сето тоа секојдневно морале да го гледаат по осумпати, работејќи неделно и за викенди за минимална плата.

Дел од модерацијата за која најмалку се зборува, а особено ги погодува модераторите се однесува на разговорите помеѓу возрасните и малолетни лица кои алгоритмот ги има обележано како неверојатно сексуално искористување.

„Овие приватни чатови, од кои 90 отсто биле со сексуална природа беа морничави. Имаме богати “бели мажи“ од Европа кои им пишуваат на децата од Филипините и се обидуваат да добијт нивни сексуални фотографии за 10 или 20 долари“ - изјавил еден од вработените.

Џина, исто така една од вработените изјавила: „Мислам дека ова е кршење на човековите права. Не можете од некој да барате да работи брзо, добро и да гледа чувствителна содржина. Работите кои сме ги гледале едноставно не беа во ред“.


„Еднаш наидов на еден колега кој сакаше да купи пиштол лажливец бидејќи почнал да се чувствува исплашено. Призна дека е многу загрижен кога мора да се движи навечер по улиците или пак тогаш кога е опружен со странци. Можеби сето тоа е поради тоа што секојдневно се сретнуваме со говор на омраза и тоа почнува да влијае на нас. Нормалната личност многу брзо може да стане конзервативна и да се грижи за одредени прашања“ - се присетува Дејв.

Поради големиот стрес, голем број од вработените стануваат зависни на дрога и алкохол и тоа е случај во поголем број од земјите каде што компанијата Фејсбук има свои работници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk