На денешен ден 1970-та година почина виртуозот на гитара Џими Хендрикс

Точка

18/09/2019

18:40

2.023

Големина на фонт

а а а

Светото пред 49 години остана без маестралниот виртуоз кој својата гитара ја свиреше со заби. Тој беш еден од највлијателните и најталентирани гитаристи во историјата на рок музиката.

Американски музичар, пејач, текстописец, гитарист и иноватор, замина засекогаш кога беше на врвот на својата слава.

Популарен беше по едноставниот спој на психоделичен рок, хард рок и блуз и секогаш ќе остане запомнет по хитовите „Hey Joe“, „All Along the Watchtower“, „Purple Haze“, „Like a Rolling Stone“, „Sunshine of Your Love“, но и по многу други работи.

Освен со маестралниот перформанс, Џими Хендрикс вниманието на публиката го привлекуваше и со тоа што својата гитара ја свиреше со забите. Иако левучар сепак тој користел инструменти кои биле направени за десничари, ја свиреше гитарата позади грб и често изведуваше “немузички“ акробации на сцена.


Џејмс Маршал Џими Хендрикс роден е во Сиетл на 27-ми ноември 1942-та година како Џони Ален Хендрикс.

Својата кариера како гитарист ја започнал на 15 години кога за пет долари ја купил својата прва гитара. Една година подоцна се пријавил за војска, но набрзо напуштил поради повреда на зглобот која ја стекнал во скок со падобран.

На 24 години го основал бендот „The Jimi Hendrix Experience“. Не му требало многу за на публиката да ѝ влезе под кожа. За пресврт во кариерата на Хендрикс се смета настапот на Монтерејскиот поп фестивал во 1967-та година кога целиот свет слушна за него.

Заедно со Џенис Џоплин, групата „The Who“ и многу други, ѕвездите на музичката сцена направиле фестивалот одржан на фарма блиску до селото Бател во северната држава Њујорк да остане запишан во музичката историја со ГОЛЕМИ БУКВИ.


Го затворил фестивалот „Вудсток“ и се срушил од исцрпеност

Наредните три години му биле исполнети со музика, настапи и борба со несоница.

Последниот пат публиката можела да ужива во неговиот настап на 16-ти септември 1970-та година, кога на некогашниот пејач на групата „Animals“, Ерик Бардон, му се придружил на сцена во некој лондонски ноќен клуб.

Хендрикс починал одненадеш во Кингстон на 18-ти септември, 1970-та година на своја 28-годишна возраст и така станал член на Клуб 27 во кој биле Џим Морисон, Џенис Џоплин, Ејми Вајнхаус, Курт Кобеин.


Шпекулациите за смртта на Хендрикс попримиле митски димензии. Ноќта пред смртта ја поминал со Моника Данем, неговата девојка, а пред спиење консумирал мешавина од вино и таблети за спиење што предизвикало повраќање во сон и гушење.

За смртта на Хендрикс некои го обвинуваат неговиот менаџер кој наводно на тој начин сакал да стигне до парите на осигурувањето од музичарот.

На листата на 100 најголми гитаристи на сите времиња според списанието „Rolingstoun“, Џими Хендрикс го зазема првото место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг