Тензично во Милан: Извираат проблеми од сите страни

Дерби

18/09/2019

17:59

1.949

Големина на фонт

а а а

Уште не е започната сезоната, а во фудбалскиот клуб Милан веќе врие од тензии на сите страни.

Италијанските медиуми пренесуваат дека атмосферата станала тензична најпрво по несогласувањата помеѓу тренерот Марко Џампаоло и бразилскиот фудбалер Пакета.

После тоа се кренала тензија и за слабиот голгетерски учинок на стартот на сезоната на Криштоф Пјонтек, за на крај да „Кориере Дела Сера“ да пренесе дека и Ѕвонимир Бобан бил видно незадоволен од состојбата во клубот.

Дербито против Интер кое е закажано за сабота доаѓа во најлош можен момент за „росонерите“ кои имаат големи проблеми во својот двор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг