Пејачката, дизајнерка и бјути могул, Ријана, реди успеси во сè што прави, а покрај тоа со причина важи и за модна икона на денешницата.
Најкратко речено - нејзиниот стил е беспрекорен, а повеќето аутфити никому дург не би прилегале. Исто е и со нејзиното последно издание на настанот на нејзиниот бренд „Fenty Beauty“.
Ријана за таа пригода, како вистинска деловна жена облекла одело, но одбрала модел кој е неколку броеви поголем и во него се потрудила да изгледа елегантно.
Белото одело со долго сако и панталони со широки ногавици, кои покрај тоа и се влечат по подот - ги потпишува таа, односно нејзиниот луксузен моден бренд „Fenty“, и сигурни сме дека намерно избрала големи парчиња, бидејќи предимензионалните кроеви се во тренд.
Под сакото носела бел чипкаст градник од нејзината нова „Savage x Fenty“ колекција, која минатиот викенд ја претставила во Њујорк, а стајлингот го надополнила со салонки на шпиц и сребрен накит.
Белината ја разбила со силен црвен кармин на усните и црвеникаво руменило.