Телевизијата на Бојан Јовановски - 1 ТВ сама си поднесе барање за стечај

Точка

18/09/2019

20:52

3.776

Големина на фонт

а а а

Македонската јавност веќе подолго време слуша и чита и е добро запозната со предметот “Рекет“ во кој прв осомничен е Бојан Јовановски кој се претставуваше како сопственик на македонската национална телевизија 1 ТВ.

Откако Јовановски беше приведен, вработените во неговата телевизија продолжија со работните активности уште десетина дена, по што објавија дека сите одат на колективен одмор.

Но, кон почетокот на месец септември телевизијата официјално престана да емитува програма, а според неофицијални извори причината за тоа се големите долгови и неможноста да се покријат трошоците.


Поднесениот предлог за отворање на стечајната постапка на телевизијата 1 ТВ бил поднесен на 13-ти септемвври, а за истата информација потврдиле и од Основниот граѓански суд, пренесуваат од “pressingtv“.

„Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека на ден 13.09.2019 година,поднесен е предлог за отварање стечајна постапка заведен под нашСТ-199/19. Предлогот е поднесен од страна на должникот“.

Од судот велат дека предметот е сѐ уште во работа и во наредните денови треба да биде познат натамошниот тек на постапката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг