Скандал во Канада: Премиерот мораше јавно да се извини поради фотографија од пред 18 години

Точка

19/09/2019

08:37

4.675

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини поради шминкањето на неговото лице со темна боја во 2001-ва година, откако за него незгодната фотографија се појави на интернет во пресрет на изборите во Канада.

Фотографијата на 29-годишниот Трудо со лицето кое што го затемнил со шминка е голем удар за премиерот кој често говори за потребата за борба против расната дискриминација и кој во својот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло.

„Требаше тогаш да знам повеќе, но не знаев. Длабоко жалам поради тоа што го сторив“, изјави Трудо пред новинарите откако „Тајм“ ја објави спорната фотографија.

„Го облеков костимот на Аладин и ставив шминка. Не требаше да го направам тоа“, изјави Трудо за фотографијата на која се гледа како носи турбан и бела наметка, додека неговото лице е нашминкано за да биде црномурест.

Трудо е во тесна борба со конзервативниот лидер Ендру Шир во пресрет на изборите кои се закажани за 21-ви октомври. Шир во врска со фотографијата на Трудо изјави дека е „многу шокиран и разочаран“.

„Тоа шминкање претставува отворен потсмев и расизам. Тоа што Канаѓаните го видоа е некој кој има целосен недостаток на расудување и интегритет, тоа е некој кој не е подготвен да управува со оваа земја“, изјави Шир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг